Дибала нема да оди кај Мурињо, цели трансфер во Англија

Напаѓачот Паоло Дибала е отворен за преселба во Премиер лигата уште ова лето и покрај тоа што има уште една година од договорот со италијанскиот фудбалски клуб Рома. Ова го известува репортерот на Sky Sports, Дармеш Шет.

Дибала има минимална откупна клаузула во договорот со Рома, која го потпиша пред две години. Според информациите, аргентинскиот репрезентативец може да ги напушти „волците“ со трансфер за само 12 милиони евра.

Дибала оваа сезона постигна 16 гола и даде 10 асистенции за Рома на 39 натпревари во сите натпреварувања. Претходно се шпекулираше дека Жозе Мурињо ќе го земе Дибала кај себе во Истанбул, само еден ден откако стана тренер на Фенербахче. Меѓутоа самиот Дибала не е заинтересиран да оди во Турција.

Се вчитува...