Семејството на формула 1 асот Михаел Шумахер, почна да ги продава неговите лични работи, за да има пари за негово лечење. Трошоците со кои се соочува семејството на Шумахер поради здравствената состојба на седмократниот Ф1 првак се се поголеми по несреќата која ја доживеа на скијање во 2013 година.
Италијанските медиуми тврдат дека трошоците за лечење и заштита на приватноста на Шумахер се искачиле на седум милиони евра годишно. Поради тоа неговата сопруга Корина се одлучи да ја продаде вилата, а подоцна и дворец кој бил во негова сопственост, приватниот авион и колекција на часовници. Имотот се продава за да се заштити Михаел во живот.
29 декември 2013 година беше кобниот ден кога Шумахер скијајќи надвор од патеката, падна и удри во камен со главата. И покрај заштитната кацига, претрпе сериозни оштетувања на главата, а беше во индуцирана кома пола години. Ништо не е познато околу неговата здравствена состојба, која ги интересиа многумина од неговите обожаватели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

