Борусија Дортмунд е поразена во финалето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Еден од „виновниците“ е Карим Адејеми кој пропушти златна шанса во првиот дел да го донесе својот тим во предност.
Крилниот фудбалер се најде очи во очи со голманот Куртоа, се реши да направи потег повеќе и шансата пропадна. Токму Адејеми претрпе најмногу критики од сите медиуми и сите фанови за таа негова прокоцкана шанса.
Токму тоа промашување ќе го забрза неговото заминување од Борусија. Се шпекулира дека „милионерите“ сакаа и пред тоа да го продадат играчот, а сега ова само ќе ги потврди нивните желби. Се шпекулира дека секој оној кој ќе плати 30 милиони евра, може да го има потписот на германскиот фудбалер. За него има интерес од Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА