Навивачите на Лацио „удрија“ против тренерот: „Тудор е ср*ње“

Хрватскиот стручњак Игор Тудор ја презеде клупата на Лацио во март, откако Маурицио Сари доби отказ и успеа да го оживее тимот, но се чини дека би можел да го напушти Олимпико за само три месеци, по жестоките пароли на навивачите на Лацио.

Минатата сезона Сари не ги забележа резултатите кои се очекуваа, поради што клубот му врачи отказ кон средината на март, а само неколку дена подоцна беше објавено дека негов наследник ќе биде Игор Тудор.

Тудор потпиша договор со римскиот клуб до летото 2025 година, но деновиве дојде до голем пресврт и се чини дека 46-годишниот Хрват би можел да ги спакува куферите и да го напушти Лацио.

Италијанските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Анџело Фабијани во изминатите неколку дена двапати се сретнал со Тудор за да разговараат за иднината и плановите за летниот преоден рок и сакал да види кои играчи би сакал Хрватот да ги доведе во Лацио.  Тудор бил доста резервиран на тие средби кога е во прашање иднината, што ги зголеми сомнежите кај челниците на Лацио дека тој дури може да го напушти клубот ова лето иако тие сакаат да остане.

Она што најмногу ги загрижува челниците на Лацио се шпекулациите дека Болоња е сериозна за потписот Тудор, а хрватскиот стручњак има намера да го преземе кормилото на тимот кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Потезите на Тудор предизвикаа големо незадоволство и кај најжестоките навивачи на Лацио, кои му посветија не толку убав слоган. Ултрас Лацио синоќа на социјалните мрежи го објави слоганот со јасен став за Хрватот.

„Како тренер треба уште да те оценуваат, но како човек… Тудор е ср*ње“, гласи слоганот на навивачите на Лацио.

Се вчитува...