Македонската „Фаланга“ од денеска може да купува билети за СП 2025: Непопуларни цени за групата во Вараждин!

Светската ракометна федерација од денеска на пладне ги пушти во продажба билетите за Светското првенство 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Хрватите, како организатори на групата во која е и Македонија а се игра во Вараждин, денеска ги пуштија во продажба билетите кои се по непопуларни цени. Македонските навивачи билети ќе може да набават по цени од 50 до 70 евра од ден (за два натпревари во денот) во зависност од позицијата на трибината. Сето тоа значи дека само за првата фаза од натпреварите во групи (првите три натпревари) ќе бидат неопходни меѓу 150 и 210 евра за да се бодри Македонија. За македонската „Фаланга“ ќе биде резервиран секторот К во салата во Вараждин.

Македонија на СП 2025 е во група со Унгарија, Холандија и со Гвинеја, а пласман во следниот круг ќе обезбедат трите најдобри селекции по трите одиграни кола. Што значи, една победа ќе им биде доволно на избраниците на Кире Лазаров за место во вториот круг и нови три натпревари, за кои исто така цената на билетите ќе биде меѓу 50 и 70 евра по ден.

Билетите за СП 2025 и натпреварите во Вараждин може да ги купите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...