Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран во Париз по повредата на менискусот на десното колено која ја заработи на осминафиналниот меч на Ролан Гарос против Аргентинецот, Франциско Серундоло.
По денешната операција Ѓоковиќ ќе мора да паузира еден месец, поради што веќе е извесно дека ќе го пропушти настапот на третиот годинашен грандслем турнир, Вимблдон.
Желбата на Ѓоковиќ е да се опорави на време за Летните олимписки игри во Париз кои почнуваат од 26. јули, но дали ќе успее во тоа останува да се види.
Доколку опоравувањето оди според планираното, Новак, иако ќе биде во трка со времето се очекува да настапи на ЛОИ 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

