Македонскиот шампион, екипата на Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте.
Десниот бек се обврза на договор на уште една година со битолчани.
„31-годишниот Цехте вгради многу во освојувањето на титулата првак на Македонија 2023/24 и со уште поголеми амбиции ќе влезе во следната сезона“ – порачаа „пелистерци“ по потпишувањето на новиот договор со Словенецот.
Нејце Цехте минатото лето од ГОГ Гудме дојде во екипата на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА