Павловиќ по дебито за Германија: Цело семејство ќе ме мрази

Александар Павловиќ во понеделникот против Украина (0-0) дебитираше за германската репрезентација, по што на тамошните новинари им откри неколку детали за себе.

Со месеци се шпекулираше дали младиот играч на Баерн ќе игра за Србија поради своето потекло или ќе ја избере Германија, каде живее и каде е роден. Сега е јасно дека се одлучи за втората опција.

„Убаво е чувството бидејќи Фудбалскиот сојуз на Србија вложи таков напор околу мене. Одлуката не беше лесна, бидејќи и јас имам чувства за друга земја. Секако дека е нормално, доаѓам од Србија. Сите мои луѓе во Србија навиваат за Партизан, јас сум мешавина. Ја сакам Црвена звезда поради стадионот. Кога сум во Србија, понекогаш доаѓам на стадион. Тој е многу убав. Не знам, тоа е тешка одлука. Па, ќе кажам, нека биде Црвена звезда. Моето семејство ќе ме мрази поради тоа, но тоа не е важно“, изјави Павловиќ.

Се вчитува...