Една од фаворитките за освојување на Ролан Гарос, Елена Рибакина го заврши својот настап на вториот гранд-слем турнир во сезоната откако во четвртфиналето изненадувачки беше елиминирана од италијанската тенисерка Јасмин Паолини.
Паолини приреди вистинска сезнација откако во еден интересен натпревар кој траеше нешто повеќе од два часа славеше над Казахстанката со 2-1, по сетови 6-2, 4-6 и 6-4.
Во полуфиналето Паолини за противник ќе ја има подобрата од последниот четвртфинален дуел во кој ќе се сретнат Арина Сабаленка од Белорусија и младата Русинка, Мира Андреева. Првиот полуфинален пар го сочинуваат актуелната шампионка Ига Швјонтек и Американката и освојувачка на УС опен од минатата година, Кори Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

