Поранешниот американски кошаркар Џеј-Џеј Редик кој има 15 годишно НБА искуство настапувајќи за Орландо, Милвоки, ЛА Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас наскоро би можел да влезе и во тренерските води бидејќи е еден од фаворитите за превзеамње на една од најтрофејните франшизи, Лос Анџелес Лејкерс.
Редик кој во моментот е стручен аналитичар за ЕПСН, а е и водеител на неколку подкасти меѓу кои и оној со Леброн Џејмс проговоре за можноста да го превземе тимот од „градот на ангелите“. И покрај тоа што не ги потврди гласините, тој не ги ни негираше.
„Ќе го кажам ова. Мојот фокус во моментот е финалето во НБА. Среќен сум што сум во оваа позиција во која можам да коментирам финале заедно со Дорис и Мајк… Во однос на тоа што го вели Шемс Чарниа, ќе говорам на таа тема кога ќе заврши сезоната. Тоа е тоа што имам да го кажам“, изјави Редик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА