Тотенхем предводен од Анже Постекоглу ја заврши сезоната 2023/24 на петтата позиција на табелата со што избори ново учество во европските натпреварувања во сезоната која следи. А, пак во неа австралискиот старетег со грчко потекло нема да смета на услугите на четири фудбалери кои заминуваат од клубот со истекот на договорот.
Тоа се Ерик Дајер, Иван Перишиќ, Рајан Сесењон и Јапхет Танганга. Првите двајца веќе најдоа нов ангажман со оглед Англичанецот помина дел од сезоната во Баерн Минхен и се очекува да добие нов едногодишен договор од германскиот тим, додека Хрватот се врати во клубот од детството и во иднина ќе ги брани боите на Хајдук Сплит.
Сесењон по заминувањето од лондонскиот тим ќе биде запомент како едно од поголемите трансфер промашувања на „петлите“ со оглед на тоа што 25-те милиони вложени за него во 2019 година воопшто не се исплатеа. Во петте години исполнети со бројни повреди во Тотенхем тој забележа само 57 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА