По Елена Рибакина и за Арина Сабаленка заврши настапот на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос. Белорусинката денеска во еден маратонски меч загуби од 17-годишното руско чудо од дете, Мира Андреева.
Русинката славеша по пресврт со 2-1, по сетови 6-7, 6-4 и 6-4. Во текот на целиот меч Сабаленка имаше многу проблеми. Немаше енергија, а во неколку наврати побара и медицинска помош.
Во полуфиналето Андреева ќе игра против Италијанката, Јасмин Паолини која ја елиминираше Елена Рибакина. Вториот полуфинален пар го сочинуваат актуелната шампионка Ига Швјонтек, и освојувачката на УС опен од минатата година Коко Гоф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

