Бешикташ и официјално ги разреши дилемите околу тренерската функција за наредната сезона откако денеска за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Џовани ван Бронкхорст.
Турскиот гигант долго време преговараше со Оле Гунар Солскјер и се чинеше дека е пред потпис со екс-тренерот на Манчестер Јунајтед, но на крајот дојде до пресврт, па денеска беше потпишан договор со Ван Бронкхорст. Поранешниот холандски репрезентативец има зад себе успешна авантура како предводник на Феенорд, тим со кој има и една титула во холандското првенство, додека како тренер на Глазгов Ренџерс има еден трофеј во ФА Купот на Шкотска и пласман во финалето од Лигата на Европа за сезоната 2021/22.
„По деталната потрага по нов тренер извршена од страна на нашиот борд на директори, Џовани ван Бронкхорст е именуван за нов шеф на стручниот штаб на нашата прва екипа. Жан Пол ван Гастел и Сердар Торпактепе ќе бидат асистени на Ван Бронкхорст, со кого е потпишан договор на две плус една сезони. Му посакуваме на новиот тренер многу успех“, се вели во клупското соопштение на Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

