Хаос на српското дерби: Црвена Звезда се повлече во соблекувалната

Вториот меч од финалето во српскиот плејоф меѓу Партизан и Црвена Звезда го одбележаа немили сцени, по кои „црвено-белите“ се повлекоа во својата соблекувална.

Партизан подобро ја отвори третата четвртина и стигна до предност од 57-45, по што Сферопулос побара тајмаут, а за време на паузата навивачите почнаа со навреди кон гостинските кошаркари. Следеше предупредување од спикерот, а откако навредите станаа уште погласни двата тима се повлекоа пред своите клупи.

Инцидентот стана уште посериозен откако полетаа тврди предмети кон кошаркарите на Црвена Звезда, тренерот и играчите на Партизан се стрчаа да ги смират страстите, но гостите се повлекоа кон сопствената соблекувална.

Веднаш по нив се повлекоа и судиите, па останува да го сочекаме расплетот, дали ќе се чека празнење на дел од салата пред мечот да продолжи или страстите во наредниот период ќе се смират.

Се вчитува...