Сега и официјално: Тудор си поднесе оставка во Лацио

Премногу кратко траеше авантурата на Игор Тудор како шеф на стручниот штаб на Лацио, откако хрватскиот стратег вечерва самиот се повлече од функцијата по недоразбирањата што ги имаше со раководството на римскиот клуб.

Тудор дојде пред неколку месеци на клупата на „лацијалите“ на местото на Маурицио Сари, успеа да го крене тимот на резултатски план и се очекуваше да остане, но проблемите настанаа при планирањето на активностите за летниот преоден рок. Тудор не криеше дека е незадоволен од неамбициозноста за носење на нови фудбалери откако си заминаа Фелипе Андерсон и Луис Алберто, а дополнително се разочара кога клубот не успеа да го задржи Камада, кој на крајот се пресели во Кристал Палас.

Конфликтот траеше десетина дена, за вечерва и официјално Лацио преку клупско соопштение да објави дека Игор Тудор повеќе не е шеф на стручниот штаб, откако самиот си поднел оставка од функцијата.

Се вчитува...