Вториот финален меч од српскиот плејоф меѓу Партизан и Црвена Звезда нема да биде доигран вечерва, откако гостинските кошаркари и судиите се повлекоа во соблекувалната по навредите упатени кон „црвено-белите“, а потоа и фрлените предмети кон нив по неколку минути игра во третата четвртина.
Судиите инсистираа салата да биде испразнета за мечот да продолжи, но од Партизан го послушаа барањето на своите фанови, да не играат без нивна поддршка од трибините вечерва.
Откако не беше најден заеднички јазик и компромис, „црно-белите“ се поздравија со своите фанови и се упатија кон сопствената соблекувална, со што мечот и официјално е прекинат при водство на Партизан од 57-45.
Се очекува дуелот да продолжи во текот на утрешниот ден без присуство на публика на трибините, а конечниот збор ќе го има Кошаркарската Федерација на Србија.
#KKPartizan #KLS pic.twitter.com/UaHm8hf8Mp
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

