Хаосот што владее во Белград на вториот меч од финалната серија меѓу Партизан и Црвена Звезда продолжи дури и откако беше објавено дека дуелот е прекинат и најверојатно ќе биде доигран утре.
Кошаркарите на Партизан и тренерот Обрадовиќ долго време седеа на теренот, за откако стана јасно дека арената нема да биде испразнета „црно-белите“ најпрвин се повлекоа во својата соблекувална, а потоа еден по еден ја напуштија салата.
Дефинитивно, не може без циркус кога играат овие лути ривали, па така веднаш штом Партизан го напушти теренот, гостинските кошаркари се вратија назад на паркетот.
Без домаќините на теренот, кошаркарите на Црвена Звезда минаа десетина минути со лесен тренинг под едниот од кошевите. Последните информации велат дека ако Партизан не се врати на терен, Црвена Звезда службено ќе го добие мечот со 20-0 и ќе стане шампион на Србија.
Останува да се проследи епилогот од овој неверојатен циркус, во кој ситуацијата се менува од минута во минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

