Саутгејт избриша уште една „ѕвезда“ од списокот за ЕВРО 2024

Герет Саутгејт ќе избрише уште една „ѕвезда“ на англиската Премиер-лига од својот список на играчи за ЕВРО 2024 при последното кратење на списокот и одредување на патниците за шампионатот во Германија.

Џејмс Медисон нема да биде дел од „гордиот албион“ на ова големо натпреварување, откако асот на Тотенхем имаше огромен пад во формата во вториот дел од сезоната. Саутгејт го повика Медисон давајќи му шанса во тренинг-кампот во изминатите десетина дена, но во силната конкуренција во средниот ред на крајот фудбалерот на Тотенхем ќе биде меѓу оние играчи кои ќе бидат избришани од финалниот список.

Тој влезе во второто полувреме на дуелот со БиХ, но веќе му било кажано дека воопшто нема да биде во комбинација за мечот со Исланд в петок, што ќе биде завршен тест пред патот за Германија и настапот на ЕВРО 2024. Саутгејт го избрал Џерод Боувен од Вест Хем пред Медисон, решавајќи ја една од последните дилеми пред заминувањето за Германија.

Се вчитува...