Кристијано си носи добар пријател во Ал Наср

Кристијано Роналдо е најголемата ѕвезда во Саудиска Арабија, а португалскиот ас го користи таквиот статус за да влијае и врз трансферите на својот клуб Ал Наср.

Тој бараше да биде доведен Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед што се покажа како невозможна мисија, но Роналдо ќе успее во намерата за уште еден Португалец во Ал Наср, носејќи го својот добар пријател Пепе во клубот.

Искусниот 41-годишен ветеран планираше да остане во Порто, но ситуацијата во овој клуб се промени откако Андре Вилјаш Боаш стана претседател. Тој му понудил на искусниот дефанзивец да ја заврши кариерата и да добие место во управата, но Пепе веднаш ја одбил оваа понуда јасно ставајќи до знаење дека планира да игра уште најмалку една година.

Кристијано Роналдо веднаш го препорачал својот екс-соиграч од Реал и репрезентативен колега на челниците на Ал Наср, кои се подготвени да ја исполнат оваа желба на својот најдобар фудбалер. Се очекува Пепе во следните неколку дена да ги мине лекарските прегледи и да потпише договор со Ал Наср, кој веќе се подготвува за разделба од Ејмерик Лапорт, кој не ги оправда очекувањата по трансферот од Манчестер Сити.

Се вчитува...