Одржувањето на следниот африкански куп на нации е одложено за шест месеци, до почетокот на 2026 година, објави во средата Африканската фудбалска конфедерација. Африканскиот куп на нации требаше да се одржи во јуни 2025 година во Мароко, но се совпадна со проширеното Светско клупско првенство, кое ќе собере 32 тима во САД од 15. јуни до 13. јули 2025 година.
Африка ќе има четири тима на Светското клупско првенство и многу од тие играчи најверојатно ќе бидат избрани за Купот на нации.
Затоа, генералниот секретар на KAF, Верон Мосенго-Омба, откри за Би-Би-Си дека Африканскиот куп на нации ќе се одржи на почетокот на 2026 година.
„Можеме да играме по Светското клупско првенство, но дали е тоа добро за играч кој игра цела сезона, а потоа патува во Америка да игра, а потоа веднаш доаѓа да игра на Купот на Африка? „Распоредот е ноќна мора за сите“, изјави Мосенго-Омба.
КАФ исто така, се најде на удар на критиките поради неможноста да ги одреди датумите за овогодинешното финале на Африканскиот куп на нации за жени, кое исто така се одржува во Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

