Подготвен е да војува со клубот само да игра за својата земја

Голманот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Емилијано Мартинез изјави дека сака да учествува на Олимписките игри во Париз и дека затоа е подготвен да влезе во конфликт со својот клуб Астон Вила.

Олимпијадата не е натпреварување под јурисдикција на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи.

„Секогаш сум ја ставал аргентинската репрезентација на прво место и ако треба да војувам со мојот клуб, ќе го сторам тоа. Најважна ми е Копа Америка, потоа Олимписките игри. Мојот сон е да освојам златен медал. Мојата желба е да играм на Олимписките игри, но тоа не зависи само од мене“, изјави Мартинез.

 

Се вчитува...