Кошаркарската лига на Србија го забележа официјалниот резултат (20-0) во вториот натпревар од финалната серија, со кој Црвена звезда и официјално ја одбрани титулата шампион на нашиот северен сосед.
„Црвено-белите“ во првиот меч го совладаа Партизан (89-88), додека вториот беше прекинат на стартот од третата четвртина поради навредливи скандирања од навивачите на „црно-белите“.
Натпреварот беше прекинат, трибините се испразнија, а на теренот се вратија само играчите од „Мал Калемегдан“. Поради непојавување на кошаркарите на Партизан, донесена е одлука да се прекине играта и да се регистрира официјален резултат (20-0).
Ова во средата вечерта веќе го соопшти Александар Грујин, директорот лигата, а сега пристигна и официјалната потврда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

