Македонската репрезентација попладнево ги продолжи подготовките за пријателскиот натпревар против Чешка кој избраниците на Благоја Милевски ги очекува на 10. јуни на гостински терен.
Македонија загуби со 3-0 на гостувањето против Хрватска во Ријека, во натпревар кој треба да послужи за корекција на големиот број аномалии појавени на „Рујевица“.
„Го анализиравме натпреварот со Хрватска, ги воочивме грешките, имаме неколку дена за подготовка за мечот против Чешка и се надевам дека ќе влеземе со многу поголема самодоверба” – вели дефанзивецот Ѓоко Зајков, кој е свесен дека ќе мора далеку поголем фокус ако се сака позитивен резултат од гостувањето во Чешка.
„Ни треба поголем фокус во одредени ситуации, да бидеме сто проценти сконцентрирани на тактиката која што ќе ни ја даде селекторот и секој фудбалер да одработи максимално. Свесни сме дека некои од нас имаат проблеми на клупско ниво, и затоа се и овие подготовки за да може да одржиме некаков ритам и што подобро да го дочекаме настапот во Лигата на нации од септември” – дополнува Зајков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА