Мегваер: Уништен сум, скршен сум што нема да играм за Англија на ЕП

Хари Мегваер и Џек Грилиш нема да бидат дел од Англија за ЕВРО 2024 година. Вака одлучи селекторот Герет Саутгејт, одлука која ги шокираше фановите од Островот.

Но, уште повеќе од уништен е Хари Мегваер кој не ја крие разочарачноста, откако не успеа да се опорави од повредата.

„Скршен сум што нема да играм за Англија на Европското првенство ова лето. И покрај моите најдобри напори, не успеав да ја надминам повредата на потколеницата. Можеби премногу се трудев обидувајќи се да успеам. Комплетно сум уништен. Огромна чест е за мене да ја претставувам Англија. Тоа ми е се. Ако не можам да му помогнам на тимот како играч, ќе го поддржам како навивач – заедно со целата земја. Освојте го трофејот момци“ – вели Мегваер, по објавениот список на Саутгејт.

А, на конечниот список на Саутгејт за ЕВРО 2024 нема место ниту за Џек Грилиш од Манчестер сити, ниту за Џејмс Медисон од Тотенхем.

Се вчитува...