Холанѓаните се мачеа со Канаѓаните, а потоа четири гола за половина час (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија славеше убедлива победа од 4-0 против Канада низ подготовките за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Германија.

Холанѓаните отпорот на Канада целосно го скршија во второто полувреме кога беа постигнати сите четири погодоци. Најпрво Депај во 50. минута донесе предност од 1-0.

Потоа, Фримпонг во 57. минута зголеми на 2-0, а Вегхорст во 63. минута донесе предност и од 3-0. Ван Дајк во 83. минута ги постави конечните 4-0.

Холандија е во Групата Д на ЕВРО 2024 заедно со селекциите на Франција, Полска и Австрија.

Се вчитува...