Француско Ксиско Надал го запиша своето име во историјата на шпанската Ла Лига кога на 15. јуни 2003 година се запиша во листата на стрелците за неговиот Вилјареал и со 16 години и 153 дена стана најмлад стрелец во најсилната лига на Шпанија. Денеска има 37 години, и изгледа непрепознатливо.
Многу навивачи на Вилјареал беа изненадени од неговиот изглед кога го видоа Надал, сега настапувајќи за ветераните на клубот на турнир заедно со екипите на Интер, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен…
Но, и покрај шокирачкиот изглед, дополнително беа изненадени од брзината која се уште ја поседува и головите кои се уште знае да ги постигне.

Надал кој е дете од школата на Вилјареал и со успех настапуваше за овој клуб, својата кариера ја заврши во 2018 година во Рода.
El 🐐 del @TST7v7, @xisconadal7 🔥 pic.twitter.com/7zTwa6EacO
— Villarreal CF (@VillarrealCF) June 6, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

