„Милионерите“ се решија да го откупат трагичарот во финалето на ЛШ

Холандскиот фудбалер Иан Матсен, би можел да остане во Борусија Дортмунд со перманентен договор, откако „милионерите“ донеле одлука да го откупат левиот бек од Челси и покрај катастрофалната грешка во финалето во Лигата на шампионите кога Реал Мадрид ја запечати судбината и дојде до 2-0 во Лондон.

Матсен дојде во зимскиот преодеон рок во Дортмунд како засилување на левата бековска позиција, но сега треба да се врати во Челси откако му истече позајмицата. Борусија Дортмунд веќе испратила понуда од 25 милиони евра за потписот на Матсен, но далеку од оние 35 кои ги бара Челси.

Исто така Борусија Дортмунд потоа ќе одлучува и за иднината на Џејдон Санчо, кој исто така е позајмен во Дортмунд, и треба да се врати во таборот на Манчестер Јунајтед. Но, со оглед дека таму е непожелен, не е исклучена можноста да замине на нова позајмица кај „милионерите“, или, пак, да биде откупен со перманентен договор.

Се вчитува...