Еден од најдобрите фудбалски тренери на денешницава, Пеп Гвардиола деновиве е во САД каде синоќа го следеше првиот меч од финалето во НБА лигата, меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс.
Пеп не крие дека е навивач на Бостон, а престојот во САД го искористи и за совети за тренерите во Бостон и нивниот шеф Џо Маѕула околу начинот на подготовка на натпреварите за неговиот тим.
„Навистина учам многу од Пеп. Најдобар тренер е на кое било ниво и во кој било спорт“ – изјави неодамна Џо Маѕула, при првата средба со Гвардиола.
Pep Guardiola at TD Garden ahead of Game 1 of the #NBAFinals. ☘️🏀pic.twitter.com/7CAqnkwRvK
— City Report (@cityreport_) June 7, 2024
Не е тајна дека младиот 35-годишен тренер на Бостон постојано разменува искуства со Гвардиола околу тренажниот процес и целокупниот систем на работа во нивните клубови.
Joe Mazzulla is talking to Manchester City manager Pep Guardiola.
Intimate conversation. Mazzulla has spoken about studying other sports and applying it to 🏀 pic.twitter.com/K92xtzCVL2
— Morey Hershgordon (@MHershgordon) June 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА