Меси со шокантна изјава: Реал Мадрид е најдобриот тим во светот

За Лео Меси во моментов Реал Мадрид е најдобриот тим во светот, ако се суди според резултатите. Според играта, Меси смета дека најдобар тим е Манчестер Сити предводен од неговиот поранешен „шеф“ Пеп Гвардиола.

Овие коментари сигурно нема да им се допаднат на навивачите на Барселона, тим каде Меси ги мина најблескавите мигови во кариерата.

„Доколку морам да одберам, најдобар тим е Реал Мадрид, кој неодамна ја освои Лигата на шампионите. Тоа е ако се суди според резултатите, а ако се суди според играта, тогаш тоа е Манчестер Сити“, рече Меси.

Се вчитува...