Марко Ројс е на добар пат да се пресели во ЛА Галакси во МЛС. После напуштањето на Борусија Дортмунд, некогашниот капитен на „милионерите“ ќе се пресели „преку барата“ и најверојатно ќе биде нов член на Галакси.
Меѓутоа на него, може да му се приклучи добро познато име. Неговиот поранешен соиграч од Борусија, Роберт Левандовски, исто така е „мета“ на ЛА Галакси. Левандовски има договор со Барселона уште две години, но ако добие добра понуда, „Каталонците“ би можеле да се откажат од него, со оглед дека имаат финансиски проблеми.
Ројс и Левандовски играа заедно од 2012 до 2014 година, и заедно беа дел од финалето во Лигата на шампионите во 2013 година кога го загубија од Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

