Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ќе игра во група со Португалија, Франција и Словачка во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025 година.
Ова е одлучено со денешната жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Македонските фудбалерки се најдоа во групата А2, а домаќин на квалификацискиот турнир ќе биде Португалија од 27 ноември до 3 декември. Домаќин на ЕП ќе биде Полска во јуни идната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА