Поранешниот НБА кошаркар Делонте Вест беше уапсен и приведен во четвртокот во Вирџинија поради прекршување на условната казна и давање отпор при апсењето, јавуваат американските медиуми.
40-годишникот моментално се наоѓа во затворот во округот Ферфакс, со кауција одредена од 2.000 долари. Тој ќе биде сослушан пред судот во петок наутро по локално време.
Тој бил уапсен по претрес на полицијата од која бегал, но органите на редот на крајот го пронашле без свест и под дејство на наркотици. Вест имаше солидна НБА кариера, а привлече големо медиумско внимание кога се појавија видеа како проси на улица.
Тогаш во целата приказна се вклучи милијардерот Марк Кубан, сопственик на Далас Маверикс, поранешниот клуб на Вест. Еден богат бизнисмен му обезбедил терапија за откажување од дрога, но очигледно лекувањето не било успешно.
Делонте во НБА инкасираше нешто повеќе од 16 милиони долари, а за време на играчката кариера водел бурен живот и успеал да потроши и да прокоцка се што заработил.