Германскиот репрезентативец Тони Крос, ќе остане во Реал Мадрид и по завршувањето на кариерата. Тој најави дека во иднина ќе работи во младинските категории на „кралевите“.
Крос објави пензија од играњето на фудбал, и настапот во Лигата на шампините и освоениот трофеј му беше последен меч во клупската кариера. Сега останува уште репрезентативниот настап на ЕВРО 2024 година.
„Да, ќе работам во младинските категории на Реал“, потврдил за „Кикер“ Германецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

