Tиквеш ги стартуваше подготовките за европското лето

Освојувачот на Купот на Македонија, ГФК Тиквеш денеска на градскиот стадион во Кавадарци ги стартуваше подготовките за летово кога ќе го има својот деби настап во квалфикациите за Конференциската лига.

Дел од искусните фудбалери добија уште малку одмор, но помладите, предводени од капитенот Александар Вареловски, се уште веќе од стартот на подготовките. Ново име засега е Михаил Маневски, но во следните денови се очекуваат да бидат промовирани уште неколку.

Се вчитува...