Партизан одигра потпросечна сезона, вицешампионот на АБА-лигата веќе почна со сериозен ремонт во играчкиот кадар, но на листата играчи кои се пред заминување неочекувано се појави и името на Зек Ледеј.
Крилниот центар е под договор со Партизан и за наредната сезона, но според последните информации тој е подготвен да си замине од Белград и да се пресели во Италија. Неговиот поранешен клуб Олимпија Милано сака да го врати Ледеј назад во своите редови, разговорите се во тек, а според одредени италијански медиуми Ледеј веќе потпишал и преддоговор со оваа екипа. За трансферот да се реализира ќе треба да
Милано веќе го договори македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, со нашиот плејмејкер доаѓа и центарот Џош Нибо од Макаби, а ако на нив се додаде и Ледеј, како и Никола Миротиќ кој лани потпиша тригодишен договор јасно е дека италијанскиот гигант со сериозни амбиции ќе влезе во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА