Баер Леверкузен го комплетираше првиот трансфер како нов шампион на Германија откако потпиша договор со Жануел Белосијан, 19-годишниот младински репрезентативец на Франција.
Станува збор за фудбалер кој настапува како централен дефанзивец, минатата сезона тој блескаше во дресот на Рен, привлекувајќи го вниманието на „фармацевтите“ од Леверкузен. Двата клуба во последниот месец преговараа за тинејџерот, за на крајот да биде договорено Белосијан да пристигне на „Бај Арена“ за отштета од 15 милиони евра.
Се очекува францускиот талент да го замени во тимот Тах, кој е блиску до преселба во Баер Леверкузен во трансфер вреден 50 милиони евра.
👋 Welcome to #Bayer04, Jeanuël Belocian! ⚫️🔴#BienvenueBelocian pic.twitter.com/i8j8bA4wqE
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) June 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА