Германија губи со 0-1 по првото полувреме на пријателскиот дуел со Грција, генералната проба на селекцијата домаќин на претстојниот европски шампионат на која избраниците на Јулијан Нагелсман ги разочараа своите верни навивачи.
Грците водат со 0-1 со голот на Масурас во 34. минута, на кој му претходеше голема грешка на голманот Мануел Нојер. По еден млак удар од дваесетина метри се очекуваше Нојер рутински да ја прибере топката, наместо тоа тој кратко ја одби, а Масурас немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Големиот „кикс“ на Нојер и водечкиот погодок на Грција на овој пријателски меч може да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Германија одигра разочарувачко прво полувреме во кое дозволи гостинот да доминира на долги периоди, јасен знак дека Нагелсман мора нешто да менува, а нема многу време да премиерниот меч од ЕВРО 2024 закажан за наредниот петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА