Александар Зверев е тенисерот што ќе го предизвика Карлос Алкараз во големото финале на Ролан Гарос отако германскиот ас во вечерашниот дуел славеше против Каспер Руд со 3-1 во сетови. Со тоа, Зверев се одмазди за ланската елиминација од истиот ривал на Ролан Гарос, во својот четврти обид конечно успевајќи да стигне до првото финале на францускиот гранслем турнир.
А почетокот на полуфиналето воопшто не беше позитивен за Зверев, откако Руд тргна фуриозно и набрзина поведе со 0-4 во гејмови. Норвежанецот славеше со 2-6 во првиот сет, но како што одминуваше времето така Руд имаше се поголем пад во играта, додека Зверев мајсторски ги користеше шансите што му се укажуваа.
Германецот возврати со идентични 6-2 во вториот сет, потоа славеше во третиот со 6-4, за четвртиот сет да го почне со брејк и рано водство од 2-0. Руд немаше сили за враќање, Зверев рутински ги бранеше своите сервис-гејмови, згора на тоа направи и уште еден брејк, славејќи со 6-2 во четвртиот дел од мечот, за апсолутно заслужен пласман во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА