Саутгејт се обиде да ја објасни бламажата: „Мораме да бидеме подобри без топка“

Англија пред Европското првенство во Германија, доживеа голема бламажа, губејќи од Исланд на домашен терен, на последниот „тест“ пред почетокот на ЕВРО 2024.

Саутгејт пред ова ЕП се одлучи да ги „пречкрта“ Мегваер, Рашфорд и Грилиш, а потоа Исланд им одржа фудбалска лекција на „Вембли“. Во генералната проба Исланѓаните победија со 1-0, а јавноста веднаш се пушти со критики.

Селекторот на Англија веднаш се правдаше:

„Очигледно беше разочарувачка игра, не покажавме доволно карактер, но мислам дека е добро за нас што тоа се случи пред почетокот на натпреварувањето“, рече Саутгејт, додавајќи: „Мораме да бидеме подобри без топка. Секако дека нема оправдување за овој резултат, но јас бев учесник на многу од последните натпревари пред почетокот на турнирот. Играчите неизбежно имаат едно око на она што се случува и доаѓа во однос на предизвиците. Има многу работи што можеме брзо да ги поставиме“, изјави Саутгејт.

Се вчитува...