Хаос во Грција: Олимпијакос го тужи газдата на Панатинаикос

Кошаркарите на Олимпијакос водат против Панатинаикос со 2:0 во финалната серија од грчкиот шампионат.

Но финалето во Грција, особено кога играат овие два ривали, не може да мине без контроверзии. На двата меча беше исклучен тренерот на ПАО, Ергин Атаман, а сега „масло во огнот“ додаде и претседателот на актуелниот европски првак, Димитрис Јанакопулос кој го коментираше судењето.

„Дури и Стеауа во ерата на Чаушеску немаше вакво судење“, пиша Јанакопулос на „Инстаграм“.

Тој ја нападна судијката Василики Чаруча, која на крајот го исклучи Ергин Атаман, а Јанакопулос рече дека таа добива директиви од Кошаркарската федерација на Грција.

„Василики гледа се. Затоа е тука да види што побарала федерацијата да види и да санкционира. Играме во лига каде што еден од судиите ги води социјалните мрежи на Олимпијакос на Фејсбук. Друга жена оди во салата облечена во дрес на Олимпијакос“, рече Јанакопулос.

По тој повод Олимпијакос поднесе тужба против Јанакопулос за навреда кон судиите, Владата и Кошаркарската федерација на Грција.

Се вчитува...