Романија се „посрамоти“ само неколку дена пред ЕП: „Подобро воопшто да не одиме во Германија“

Селекцијата на Романија не успеа да ја победи една од најслабите селекции во Светот, Лихтенштајн во последната контрола пред настапот на Европското првенство. Натпреварот одигран во Букурешт заврши без голови, а Романија одигра со истиот резултат и против Бугарија пред неколку дена.

Сега критиките кон избраниците на селекеторот Едуард Јорданеску се многу посериозни. На коментарите на социјалните мрежи се гледа гневот на фановите.

„Па како ќе играме ние на ЕП“. „Подобро воопшто да не патуваме во Германија“. Се дел од коментарите на социјалните мрежи по овие два разочарувачки резултати.

На ЕП 2024, Романија е во група со Украина, Белгија и Словачка, и важи за еден од аутсајдерите на групата. Се очекува Белгија да биде прва, додека за второто место да се борат Словачка и Украина.

Се вчитува...