Јулијан Нагелсман, селекторот на Германија е под огромен притисок пред престојното ЕВРО 2024 година кое ќе се одржи во неговата земја. Германија е еден од четирите фаворити, но тимот на „генералката“ пред настапот на ЕП едвај ја совлада Грција, со пресврт во второто полувреме со 2-1.
Сепак, резултатот ќе остане во сенка на катастрофалната грешка на Мануел Нојер, кој што му „подари“ гол на грчкиот национален тим, со што уште повеќе ги отвори сомнежите дека можеби не е подготвен да брани на ЕВРО. Нојер пропушти добар дел од минатата сезона поради повредата која ја доживеа на скијање.
Од друга страна, пак, неговата резерва Тер Штеген нема добиено ниту една шанса да брани на големи натпреварувања. Голманот на Барселона во моментов е во подобра форма од својот колега, но и натаму ја нема довербата од стручниот штаб.
Критиките кон Нојер се се поголеми, а со тоа и зголемен притисок кон Нагелсман да му даде шанса на Тер Штеген пред Нојер на престојните натпревари. Меѓутоа Нагелсман и после мечот со Грција најави дека Нојер ќе брани на мечевите во ЕП.
Германија е во група со Шкотска, Унгарија и Швајцарија на Европското првенство.
Lo de Neuer empieza a ser gracioso pic.twitter.com/9kw115qEK8
— Basi (@Basilio_rm) June 7, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

