Канаваро го спаси, па го напушти Удинезе

Легендарниот поранешен италијански фудбалер, а сега тренер Фабио Канаваро изненадувачки се реши да си замине од екипата на Удинезе.

Канаваро дојде, успеа да го спаси тимот од испаѓање, и кога се очекуваше дека ќе потпише нов договор, сепак, двете страни одлучија да се разделат. Тој дојде на клупата на 22. април 2024, и после само еден месец се решава да го напушти тимот.

Канаваро беше тренер во Гуангжу, потоа во Ал Наср, Тианџин, па повторно во Гуангжу, беше селектор на Кина, работеше во Беневенто, и сега во Удинезе.

Се вчитува...