Златан Ибрахимовиќ се прости од фудбалот. Многумина ќе го паметат Швеѓанецот по неговите изјави во кои секогаш зборуваше отворено и без влакна на јазикот. Така беше и денеска, на натпреварот со Србија, кога и дефинитивно му кажа збогум на фудбалот.
Прво им се обрати на навивачите на Шведска.
– Кога би можел да ги гушнам сите во една голема прегратка, би. На почетокот не се согласувавме добро, но со текот на времето сепак најдовме заеднички јазик и тие имаа големо влијание врз мојата игра. Секогаш ми даваа енергија и благодарен сум им за тоа – изјави Ибрахимовиќ во интервју за Шведскиот фудбалски сојуз.
Потоа имаше порака за младите играчи во неговата земја.
– Не мора да бидете како мене, но треба да се трудите во се што правите. Бев екстремен и секогаш сакав повеќе. Никогаш не бев задоволен и тоа е она што секогаш ме тераше да работам повеќе. Напорот и посветеноста секогаш ќе се исплатат“.
Ибрахимовиќ себеси се гледа како комплетен фудбалер, а омилен соиграч му беше Хенрик Ларсон.
– Јас сум најкомплетниот играч досега. Немаше никој подобар од мене и тоа го мислам. Разликата меѓу мене и другите е во тоа што другите беа добри во нешто, а јас бев добар во се – заклучи најдобриот стрелец во историјата на Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

