Легендата на францускиот фудбал Зинедин Зидан коментираше за некои актуелни теми околу неговиот поранешен клуб Реал Мадрид.
Тој зборуваше за трансферот на неговиот сонародник Килијан Мбапе. Зизу не работи од 2021 година, кога заврши неговиот втор ангажман како тренер на Реал. Најпрво се осврна на неговата работа, и од кого најмногу бил импресиониран како тренер.
„Кога ги гледав Крос, Модриќ и Бензема како играат за вас еден час без да загубат топка, тоа е фудбалот“, рече Зидан.
Потоа зборуваше и за Мбапе.
„Мбапе сега е во Реал. Тој ќе влезе во историјата на овој клуб, и ќе ги надмине сите“, кажа Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА