Селекцијата на Хрватска во одлична форма влегува на Европското првенство во Германија, откако денеска ја совладаа на гости и селекцијата на Португалија со 1-2. За потсетување дека Хрватите претходно ја победија и Македонија со 3-0 во мечот одигран во Ријека.
Денеска во Лисабон, првиот гол за „коцкастите“ го постигна Лука Модриќ во 8. минута од пенал. Во 42. минута одлична шанса имаше Хрватска, но не успеа да дојде до 0-2.
Затоа казнија Португалците и преку Диого Жота во 48. минута успеаја да израмнат. Меѓутоа само осум минути подоцна Анте Будимир постигна гол со кој ги постави конечните 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

