Јувентус и Милан се во трка за напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе. Откупната клаузула изнесува 40 милиони евра, а Милан има план да даде само 30. Меѓутоа тука се вклучи „Старата дама“, па можно е Холанѓанецот да заврши во Торино.
Новиот тренер Тијаго Мота е најголемиот адут за ангажман на Зиркзе. Тој му беше тренер во Болоња, и сега сака да го донесе и во Јувентус.
Ако се случи овој трансфер, тоа би значело дека Јувентус ќе мора да се ослободи од еден од напаѓачите. Веројатно од Јуве ќе си замине Моис Кеан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА