Грчкиот стратег Василис Спанулис направи неочекуван потег и ја заврши епизодата во грчкиот прволигаш Перистери кој го предводеше до место на финалниот турнир на ФИБА Лигата на Шампиони притоа освојувајќи ја наградата за најдобар тренер на сезоната како и до третото место во шампионатот на Грција.
Очекувањата беа дека Спанулис ќе ја продолжи соработакта со клубот чиј дел е од 2022 година, но заминува од клубот со цел да се концентрира потполно на ангажманот во грчката репрезентација.
„Разговаравме со раководството на Перистери и мојот договор таму заврши. Ќе се концентрирам на големите обврски кои ги имам со грчкиот национален тим“, откри Спанулис.
Грчката кошаркарска репрезентација ова лето ја очекува настап на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Париз. Во првата групна фаза нашиот јужен сосед силите ќе си ги одмери со Египет и Доминиканска Република.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

