Манчестер Сити ја продолжи доминацијата во англиското првенство освојувајќи ја и четвртата последователна титула во Премиерлигата, а тимот на Пеп Гвардиола и намерува да остане доминантен во годините кои следат па веќе на радарот ги има потенцијалните засилувања за годините кои следат.
„Граѓаните“ се подготвуваат за промени на средината на теренот, а шпанскиот стратег веќе ја има и идеалната замена за Кевин де Брујне. Станува збор фудбалерот на Кристал Палас, Адам Вартон.
Дваесетгодишниот Англичанец оваа сезона ја започна во Чемпионшипот настапувајќи за Блекбурн, но на самиот крај на зимскиот трансфер рок ги промени клупските бои и настапи на 16 средби во најелитното фудбалско првенство на „Островот“ за лондонскиот тим.
Манчестер Сити нема намера да го ангажира Вартон ова лето, но ќе ги следи настапите на младиот фудбалер за потенцијален трансфер во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА