Везенков по само една сезона во НБА се враќа во Европа?

Бугарскиот кошаркарски репрезентативец Саша Везенков како најкорисен играч на Евролигата се пресели во НБА лигата, но таму немаше запазена прва сезона забележувајќи просек од скромни 5.4 поени и 2.3 скокови на 42 одиграни натпревари за Сакраменто.

Поранешниот кошаркар на Барселона и Олимпијакос не е задоволен од шансата која ја доби во тимот од главниот град на Калифорнија па веќе побарал трансфер и покрај тоа што има загарантиран договор од 10 милиони евра и за следната сезона, откриваат европските медиуми.

Дваесетиосумгодишникот цели на премин во друг тим во НБА лигата каде што би добил поголема шанса да ја докаже својата вредност или пак да се врати назад во Европа.

Се вчитува...